Кафелников: Срамота е ова што се случува во денешниот тенис

од Vladimir Zorba
553 прегледи

Двајца тенисери кои годинава беа најдолго на врвот – позитивни на допинг тестовите. Ова никогаш не се случило во историјата на белиот спорт до сега. Јаник Синер го замени Новак Ѓоковиќ на број 1 во средината на јуни, Ига Швјонтек беше на врвот до крајот на октомври. И наместо цел свет да ги слави поради нивните феноменални резултати, облак од сомнеж виси над главите на Италијанецот и на Полјаката.

„Вистинска срамота е ова што се случува во денешниот тенис“, изјави Евгениј Кафелников, еден од првите кои жестоко реагираа на синоќешното откритие дека четирикратната шампионка на Ролан Гарос е казнета еден месец поради позитивен тест во Синсинати.

Најдобриот руски тенисер на сите времиња направи саркастична шега за себе: „Понекогаш се прашувам зошто не земав стероиди во текот на кариерата за да можам да играм 300 натпревари годишно наместо 170“.

Денис Шаповалов, кој исто така беше многу критичен кон Синер, сега го крена гласот поради третманот што го доби Швионтек:

„Не е фер што Симона Халеп и останатите добија долги казни за слични ситуации. Мило ми е што правилата ќе се променат бидејќи сега не се фер. Микаел Имер се уште е суспендиран иако никогаш немал позитивен тест“, се сеќава на случајот со шведскиот тенисер Канаѓанецот.

Слични содржини