Дневната потрошувачка на кафе го намалува ризикот од смрт со повеќе од 15 отсто кај луѓето на средна возраст.Ова се наведува во извештајот на Националниот онколошки центар во Јапонија.Latte_Florence_Italy

Специјалистите спроведоа голема студија со учество на повеќе од 90 000 луѓе на возраст од 40 до 69 години. Испитаниците беа замолени да пополнат анкета поврзана со нивната дневна исхрана. Потоа вработените на онколошкиот центар ги средија добиените информации со податоците за смртноста во последните 19 години. Тие дошле до заклучок дека кај оние кои секојдневно пијат една-две чаши кафе, ризикот од смрт во блиска иднина, се намалува за 15 отсто.

Слични содржини