Нови обвинувања се појавија против поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили. Имено, се сомнева дека таа била директно вмешана во измамата со која е оштетен буџетот на ЕУ.
Како што објаснуваат од европското јавно обвинителство, новите обвиненија против Каили, која многумина во Европа ја сметаат за една од најубавите политичарки, се однесуваат на сомнежот дека е направена „измама против буџетот на ЕУ“, поточно во однос на платите на пратениците во Парламентот на ЕУ.
Dans le cadre d’un dossier du Parquet Fédéral de suspicions de corruption, visant des personnes actives au sein du Parlement européen, la Police Judiciaire Fédérale a saisi près d’1,5 millions d’euros lors de perquisitions menées en région bruxelloise. pic.twitter.com/2UfK2zNtnm
— Police Fédérale (@policefederale) December 14, 2022
Оваа дополнително обвинување следи по истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).
Да потсетиме, Каили беше уапсена во рамките на истрагата за корупција во Белгија. Грчки репортер јавува дека таа е осомничена за примање мито од Катар. Поради ова, таа беше исклучена од нејзината партија ПАСОК, а исклучена е и пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент.
Веста за апсењето дојде откако нејзината партија во Грција, Панхеленското социјалистичко движење, во петокот вечерта соопшти дека Каили е исклучена од неа поради истрагата на белгискиот јавен обвинител против неколку лица во Европскиот парламент осомничени за корупција и криминал.
Истрагата опфатила криминални дејствија како „корупција“ и „перење пари“ од организирана банда. Неколку месеци белгиските истражни судии „се сомневаа дека државата од Персискиот Залив влијаела на економските и политичките одлуки на Европскиот парламент, дека плаќа пари или нуди големи подароци на трети лица кои поради нивната политичка и/или стратешка положба имаат големо значење“ во таа институција.
Извор близок до случајот изјавил за новинарите дека истрагата е фокусирана на наводните обиди на Катар да го корумпира италијански социјалист кој бил пратеник во Европскиот парламент од 2004 до 2019 година.