Повторно започнаа судири меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим.
Портпарол на израелската полиција изјави дека Палестинците фрлале камења кон полицајците, па безбедносните сили морале да преземат мерки.
Според „Спутник Интернешнл“, полицијата наводно користела шок бомби и солзавец за да ги растера учесниците во конфликтот.
Според неофицијалните информации, во судирите биле повредени најмалку 15 Палестинци.
דיווחים פלסטיניים – עימותים פרצו בין המתפללים בהר הבית לבין במשטרה
צילום: הרשתות החברתיות pic.twitter.com/sahuJf2CkK— Asael Peled | עשהאל פלד (@AsaelPeled) May 21, 2021
Според полицијата, судирите избувнале по молитвата во џамијата.
Стотици Палестинци учествуваат во немирите низ Западниот брег, пренесуваат медиумите.
Да потсетиме, пред џамијата Ал Акса во Ерусалим, пред повеќе од десет дена започнаа и потоа ескалираа конфликтите меѓу Израел и Хамас. Судирите траеја до вечерва во два часот по локално време, кога стапи на сила примирјето.