313
Израел ги откри првите два случаja на бразилски вид на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство, како и еден случај на мутираниот тип на ковид-19 од Чиле.
Сите три случаи биле откриени со генетско секвенционирање кај вакцинирани Израелци кои неодамна се вратиле од странство, објави весникот „Харец“.
Бразилскиот вид, кој многу наликува на мутацијата од Велика Британија, Јужна Африка и Индија, претрпе промена во спајк протеинот и се верува дека е позаразен од оригиналниот вид на коронавирус, пренесува „Танјуг“.
Израелското Министерство за здравство исто така објави дека биле откриени 19 нови случаи на индиски вид, но ниту еден не е пронајден меѓу израелските граѓани.
Во Израел досега се откриени вкупно 60 случаи на индискиот вид.