Индискиот вид се појави кај две позитивни лица во Сплит, а откако беше откриен, тие беа ставени во изолација.
Директорката на окружниот наставен институт за јавно здравје, Жељка Карин, на „Хина“ навела дека кога го забележале групирањето во една компанија, тие веднаш го испратиле примерокот за секвенционирање.
„Кога ќе забележиме дека нешто се шири малку побрзо, се сомневаме дека има нов вид и затоа ги испраќаме примероците за секвенционирање. Луѓето веднаш се ставаат во изолација од 14 дена и досега немало повеќе ширење. Оние кои се вакцинирани со две дози на вакцината во 90 проценти од случаите се заштитени од индискиот вид, т.е. дури и ако развијат симптоми на болеста, нема да има лоши резултати. Нема паника, а се очекува да има нови видови се додека граѓаните не се вакцинираат“, рече Карин.