Кај манастирот Високи Дечани уапсени три лица, на автомобилот им пишувало „Косово е Србија“

од Milan1
20 прегледи

Три лица се уапсени во близина на манастирот Високи Дечани и задржани во притвор до 48 часа, бидејќи на возилото имале натпис „Косово е Србија“, соопшти регионалната дирекција на косовска полиција во Пеќ.

Портпаролот на косовска полиција за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши изјави дека се работи за автомобил со црногорски регистарски таблички.

„Полицијата наиде на автомобил со црногорски регистерски таблички на паркинг на кој пишуваше „Косово е Србија“. Полицијата успеала да ги идентификува осомничените и по интензивна работа привела три лица. Со нив е извршен разговор и со одлука на обвинителството им е одредена мерка притвор до 48 часа“, рече Гаши.

Манастирот Високи Дечани денеска ја прослави славата на својот ктитор – Свети Стефан Дечански, а на литургијата присуствуваа неколку илјади верници, јавува Танјуг.

Слични содржини