386
Лабараторијата на МАНУ детектираше присуство на британскиот сој на Ковид 19 кај пациент кој пред неколку дена се вратил од Занзибар, информираше денес Министерството за здравство.
Оттаму, од МЗ информираат дека и во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пациент, кој исто така пристигнал од Занзибар. Идентично, и тој пациент е позитивен на Ковид 19 и е хоспитализиран.