Разговори за лажни лични карти за гласање и за списоци на ден на избори на, како што беше кажано, министрите Јанакиески, Јанкулоска и Ристовски, се дел од првиот блок на прислушкувани разговори што вечерва ги објави СДСМ во Универзална Сала.

„Абе, има околу 300 лични карти за Струмица, во тек си?, вели гласот за кој СДСМ рече дека е на Јанакиески, до соработник.
Јанкулоска, пак, како што е кажано, констатира во друг разговор: „Абе, што да ти кажам сеа. Кај таму со висок ризик правиме тоа шо правиме“.