Како што се очекуваше од крајот на минатата година, Кајли Џенер натрупа богатство од една
милијарда долари и стана „најмладиот милијардер во историјата“ кој „сам ги заработил парите“.

Пред Кајли, листата на списанието „Forbes“ беше предводена од Марк Зукерберг, кој стана
милијардер на 23 години.
Кајли, сепак, стигна до сумата на 21.
Веста за рекордот на Кајли сепак беше пречекана со масовни критики на социјалните мрежи.
Илјадници корисници ја ставија под сомнение вредноста на „титулата“, со која бизнис изданието ја
определи Џенер, нарекувајќи ја „self-made“.
Коментарите се насочени кон тоа дека Кајли најблаго речено нема започнато од нула. Целото
феноменално богатство всушност е акумулирано едвај за три години, откога всушност постои
компанијата „Kylie Cosmetics“.
За успешниот старт на бизнисот сепак стои огромната слава која кланот Кардашијан / Џенер ја има
со години.
И не на последно место, мозокот зад целата операција како и секогаш е Крис Џенер која
официјално работи како менаџер на сите свои пет ќерки и добива точно 10% од профитот на секое
од децата.