Точно една година откако ја раскина свршувачката со Џошуа Сас, Кајли Миног раскажува во емотивно интервју за „Sunday Times“ за емоционалниот слом кој го добила по разделбата и за веројатноста да нема деца.
„Знаев дека морам да се излекувам – моето тело не работеше, сите системи се распаднаа. Јас едноставно требаше да запрам“, вели пејачката. Веднаш по разделбата таа заминала за Тајланд, каде „поминала низ секакви емоции“ за шест дена.
Кајли, која во мај ќе наполни 50, вели дека веќе се откажала од идејата да има деца: „Се разбира дека се прашувам како би било да бидам мајка и да погледнам во очите на своите деца, но судбина е судбина. Јас нема да лажам, тоа ми носи тага, но нема да дозволам тие чувства да ме освојат. Мислам … што можам да направам? А и дури по некое чудо да забремените на оваа возраст, воопшто не сум сигурна дека ќе успеам да се справам. Покрај тоа, постои голема шанса ако / кога некој ќе сретнам, тој веќе има деца. Можам да се замислам како маќеа“.
И покрај сите негативни емоции сепак Кајли е позитивна за својата иднина: „Треба да се исправиш и да продолжиш понатаму. Јас сум романтична и сакам да бидам во љубов. Тоа веројатно ќе се случи повторно. Ќе функционира ли? Веројатно не. Но, тоа може да се случи. Јас ќе се обидам“.
Ѕвездата вели дека не сака да таи лоши чувства кон својот поранешен пријател и не смета дека е „фер“ да зборува лоши работи за него.
Двајцата со 30-годишниот актер беа свршени, но до свадба не дојде, бидејќи таа била убедена дека тој ја изневерува. Истото му се случи и него – пред две недели тој беше оставен пред олтарот од својата нова девојка – Хариет Колинс.