Македонскиот овогодинашен претставник на Евровизија, како и победник на првиот регионален „Икс Фактор“ се здоби со уште едно признание: номинација од регионалната музичка телевизија Ем-Ти-Ви, во категоријата „Најдобар регионален изведувач“ ( „Best Adria Act“).
Причината за тоа е фактот што Даниел Кајмакоски со „Деценије” оваа година три пати се искачи на првото место на топ листата MTV Domacica, која опфаќа артисти и музика од целиот балкански регион.
Во истата категорија со Даниел ќе се натпреваруваат: 2CELLOS, Marčelo, Hladno pivo и уште еден изведувач кој ќе биде номиниран дополнително преку гласање од публиката во текот на оваа недела.
Оваа година MTV Europe Music Awards се одржуваат во Милано, Италија на 25-ти октомври. Пред одржувањето публиката ќе има можност од 15-ти септември до 14-ти октомври да гласа за номинираните во сите категории, вклучително и за Даниел Кајмакоски. Гласањето ќе се одвива онлајн, преку официјалната веб страна: http://www.mtvema.com.
Последен номиниран артист од Македонија во ова категорија беше групата Суперхикс, во 2009-тата година. Минатата година наградата ја освои познатата група Ван Гог.