Какао коцки

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Десерт без глутен кој не се пече.

Состојки:

– 300 гр урми

– 300 гр ореви

– 9 лажици какао во прав

– 2 лажици екстракт од ванила

– 50 мл јаворов сируп или мед

– 2 лажици кокосово масло

– 2 лажици вода

– прстофат сол

Подготовка:

Урмите и оревите сомелете ги во блендер, додадете шест лажици какао, една и пол лажица екстракт од ванила, две лажици вода и малку сол.

Измешајте ја смесата додека не почне да се одвојува од страните на блендерот. Потоа смесата притиснете ја во плех.

Во сад измешајте го преостанатиот екстракт од какао и ванила со две лажици кокосово масло и јаворов сируп или мед.

Добро измешајте додека не исчезнат сите грутки, па прелијте го врз колачот.

Оставете да се излади околу два часа пред да послужите.

По желба украсете со овошје и сечкани ореви, лешници или бадеми.

Слични содржини