Состојки:
– 3/4 шолја брашно
– 1 шолја кафеав шеќер
– 2 полни големи лажици какао
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка прашок за пециво
– 3/4 лажичка сода бикарбона
– 1 јајце
– 1/2 чаша млеко
– 2 лажици масло
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 1/2 чаша вода
* (мерка – шолја од 2 дл)
Подготовка:
Во сад за матење ставете брашно, шеќер, какао, сол, прашок за пециво и сода бикарбона.
Во друг сад измешајте ги останатите состојки, па додајте ги состојките од првиот сад и сè убаво измешајте додека не добиете еднолична смеса.
Загрејте половина шолја вода и кога ќе зоврие додадете ја во смесата, па сè убаво измешајте.
Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја смесата во калап и печете околу 30 до 40 минути.
Исечете го колачот на 12 парчиња и послужете го кога ќе се излади.