Какао колачиња со цимет

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Состојки:

– 125 гр путер

– 90 гр шеќер во прав

– 90 гр овесни снегулки

– 40 гр интегрално пченично брашно

– 3 лажички какао

– 1/2 лажичка цимет

Подготовка:

Измешајте овесни снегулки интегрално брашно и цимет. Посебно се матат путерот и шеќерот за да се добие пенеста смеса.

Во смесата додадете една лажица од смесата од брашно и снегулки.

Формирајте топчиња, притиснете меѓу дланките и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.

Се пече на 160 степени околу 15 минути.

Слични содржини