347
Минатата недела Бритни Спирс конечно го дочека крајот на старателството на нејзиниот татко по 14 години, што значи дека сега има автономија во однос на финансиите и кариерата.
Во објава на својот Инстаграм профил, Бритни (39) рече дека ќе ужива во продолжена прослава по толку години водење живот, како што не сака.
„Каков неверојатен викенд… Цело време се чувствував како да сум на седмо небо! Всушност минатата ноќ ја испив првата чаша шампањ во најубавиот ресторан што сум го видела“, напишала Бритни и најавила дека прославата ќе продолжи.
„Ја славам слободата во следните два месеци“.
Пејачката истакна дека не може да поверува дека крајот на чекањето и агонијата е завршен.
„После 14 години, мислам дека чекав доволно долго“, заклучи таа.