Покрај тоа што е една од најдобрите серии некогаш направена, реализацијата на „House M.D.“ секогаш беше добра можност навистина да научиме нешто за медицината.
Во извонредното толкување на Хју Лори, д-р Хаус не насмеа, но исто така и нè едуцираше.
Еден од неговите дијалози со мајка која не сака да го вакцинира своето дете е особено актуелна деновиве, бидејќи таа смета дека вакцините се „заговор на мултинационални компании“.
Еве како помина разговорот:
Мајка антиваксер: – Нејзиното лице отече преку ноќ.
Хаус: – Нема треска? Гледам дека ги пропуштила датумите за вакцинација?
Мајка антиваксер: – Не ја вакцинираме.
Хаус: – Мислиш дека тие не функционираат?
Мајка антиваксер: – Мислам дека некоја мултинационална фармацевтска компанија сака да верувам дека тие функционираат.
Хаус: – Знаеш што е добар бизнис? Мали ковчези за бебиња, може да се купат во разни бои. Антителата кај мајката го штитат бебето само 6 месеци. Затоа овие компании сметаат дека можат да ве измамат. Да ги земат вашите пари за вашето дете да биде сè уште живо. Сакате да ги промените работите? Само напред. Докажете дека не се во право. Ако неколку стотици родители докажат дека повеќе сакаат да умре нивното дете отколку да дадат 40 долари за вакцинација, цените брзо ќе паднат…