Како да дознаете дали ви се прислушкува телефонот

од desk4
1,7K прегледи

Безбедноста секогаш треба да биде на прво место. Со помош на неколку кодови можете да откриете дали некој ве следи, односно ви го прислушкува телефонот.
Кога ќе изберете код *#21# можете да откриете дали сите ваши повици и пораки се пренасочени. Статусот на секој сервис ќе биде прикажан на екранот. Ако за некој од нив стои дека е “forwarded“ тогаш значи дека некој го следи вашиот телефон. Состојбата на сите сервиси треба да биде “Not forwarded“.


Оваа функција често ја користат љубоморни партнери или родителите кои сакаат да ги заштитат своите деца од криминалци. Постарите луѓе често стануваат жртви кога ќе го позајмат телефонот на непознат и со тоа ризикуваат да откријат информации за себе и своите пријатели (каде живеат и слично).
002# е универзален код за исклучување на било кој вид пренасочување од вашиот телефон. Ако некој од сервисите е пренасочен, со помош на овој код ќе го поништите. Поточно со активација на кодот ќе ги избришете сите пренасочувања од вашиот телефон.


Добра идеја е ова да го направите пред да заминете во странство каде се користат услуги на роаминг. Во овој случај нема да имате трошоци за повици кои би биле пренасочени на вашата говорна пошта.

Кодот  *#62# се користи ако сакате да дознаете каде ви се пренасочени сервисите и вашите податоци за кои мислите дека никој не смее да ги има. Нормално е вашите повици да се пренасочени кон говорната пошта на вашиот телефон, така што немојте да се изненадите ако го видите тој број.

Ако некогаш сте се посомневале дека некој ве следи и го прислушкува вашиот телефон, не е лошо да обрнете внимание на некои сигнали. Секако треба да имат ена ум дека проблемите при разговори можат да бидат од техничка природа, но стручњаците велат дека ако ова ви се случува најверојатно некој ве прислушува:
– Додека зборувате го слушате ехото на својот глас, и ви се чини дека она што го кажувате до соговорникот стигнува со доцнење од неколку секунди. Ако ова се повторува постојано, ете причина за загриженост.
– Батеријата на вашиот телефон е топла дури и ако не го користите подолго време. Исто така морате да го дополнувате телефонот често, бидејќи нешто ви ја троши батеријата.
– Се сеќавате дека старите мобилни телефони правеа пречки кога ќе го насочевте кон телевизорот, додека зборувате. Ако ве прислушкуваат може нешто слично да се случи кога ќе застанете пред телевизор. Можеби нема да се појават пречки на екранот, но ќе се чуе посебен звук.
– На андроидите им треба малку повеќе време да се вклучат и исклучат, но ако тоа трае предолго, треба да се загрижите.

Совет:
Пред да почнете да паничите, префрлете ја картичката во некој друг мобилен телефон и проверете дали истото се случува. Проверете ги уредите и на домашните. Ако овој проблем постои само на вашиот апарат, знајт едека некој сигурно сака да знае што зборувате!

Слични содржини