Жената кога ќе го погледне својот маж треба да се чувствува заштитено и безбедно покрај него. Покрај вистински маж, жената треба да се чувствува како дома и да сака да се врати таму.
Страста има рок на траење и може да трае до утре, додека компатибилноста е она што ги поврзува луѓето засекогаш. Нема таква убавина како кога до себе имаш маж кој ти одговара, кој не те заморува, се грижи за тебе.
Тој едноставно ве прифаќа такви какви што сте. Тоа ви овозможува да бидете сами кога ви треба. Ви го нуди неговото рамо за плачење кога ви треба и ви дозволува да бидете ВИЕ во секој момент од животот. И вие му возвраќате со иста мерка – тоа е компатибилност!
Кога сме доволно мудри, изградени и во склад со нашето тело, можеме паметно да избираме за себе. А поентата е да најдеме некој со кој сме компатибилни.
Зошто многу бракови се распаѓаат? Токму поради некомпатибилноста. Токму затоа што често наидуваат на судир на интереси, кои често се во конфликт и не можат да се разберат поради различниот карактер.
Таквиот брак може да трае, но ќе биде како брак од пеколот. Во повеќето случаи, секогаш е подобро да изберете личност која ви се допаѓа и со која сте компатибилни отколку личност по која сте луди, опседнати и фасцинирани од разни минливи емоции.
Страста нема да донесе среќа во вашата врска, бидејќи ниту една страст не трае цел живот. Таа доаѓа и си оди, додека љубовта и компатибилноста остануваат засекогаш. Изберете го оној со кој е лесно и пријатно да се живее, а не оној со кој треба да се расправате и за најмали работи.