Имате кул колега и умирате да го запознаете. До моментов, сепак тој како да не ве забележува и време е да ги земете работите во свои раце.
Еве што треба да направите за да си договорите жешка средба со него и тоа во рок од седум дена:
1 ден: Размена на погледи
Важно е да воспоставите контакт со очи.Ова е првата индикација за интерес кон другиот, а тој треба да разбере дека имате таков. Сепак не го гледајте со часови, бидејќи може да ве смета за луда или за потенцијална прогонувачка.
2 ден: Замислете се
Обидете се да оформите кус разговор со него. Бидејќи имате заедничка средина (канцеларија, Универзитетот) не сте сосема непознати, па сепак ќе најдете за што да го проговорите. Важно е да биде нешто оригинално, за да ве памти.
3 ден: Испровоцирајте интерес
Ако претходниот ден сте успеале да договорите, постои голема веројатност овој пат тој прв тоа да го направи. Тоа до одреден степен ќе ви покаже дали има интерес за вас. Очигледно сте го привлекле вниманието, но сега треба да се разгори неговиот интерес. Ако ве покани на ручек или на кафе, не двоумете се.
Поставувајте максимално многу прашања и слушајте што ви зборува. Не молчете како риба, мажите сакаат екстровертни жени, но и не го раскажувајте животот од еднаш.
4 ден: Пасивно следење
Нема ништо лошо во тоа да му испратите покана за пријателство на Фејсбук. Може и тој да го направил истото. Разгледајте го внимателно неговиот профил, за да добиете идеја за интересите кои не ги споменал во претходните разговори.
5 ден: Поканете го на настан
Согласно интересите измислете некаков брз настан (свирка, маратон, изложба …).Поканете ги вашите пријатели онлајн и вклучете го и него. Во најдобар случај, тој тоа ќе го прифати, а кога ќе излезете не го гледајте вљубено и имајте повеќе внимание на вашите пријатели. Тоа ќе го зајакне неговиот интерес и желба за да го освои вашето внимание.
6 ден: Оставете го да ве прогонува
Вие завршивте доволно работа, време е да ги соберете плодовите од својот труд. Не го гледајте, не му пишувајте и не му ѕвонете. Топката е во неговите раце.
7 ден: Кога конечно ве покани на средба
Смирете се. Облечете секси фустан, ставете лесна шминка, парфем и демонстрирајте целосна доверба. Флертувајте смело, но зачувајте ги најжешките еротски фантазии само во главата. Во финалето на вечерта може да го наградите само со бакнеж, сепак треба да се потруди за останатото.