Приновата во семејството претставува вистинско искушение за многу бракови, но постојат решенија за сите оние кои од страствени љубовници се претвориле во исцрпени родители.

Психолози од Универзитетот во Гетеборг- Шведска приметиле дека дури третина од паровите се оддалечуваат кога бебето ќе дојде на свет. Истражувачите ги проучувале паровите во три фази и тоа шест месеци по раѓањето на првото дете, после четири и после осум години. Ова се нивните совети:
Jасно комуницирајте- Секогаш е важно искрено и отворено да му соопштите на партнерот што сакате, особено во моментите кога вам животот ви трпи драстични промени. Од тоа зависи дали ќе останете тим или секој ќе продолжи по својот пат.
Гушкајте се – Сигурно нема да водите љубов така како што сте навикнати, но не се откажувајте од прегратките и бакнежите , бидејќи физичкиот контакт го зацврстува односот.
Негувајте ја заедницата- Ова е многу тешко, но истражувачите апелираат да се потрудите. Не дозволувајте да ви се свете целиот разговор на храна за бебето.
Пофалете го партнерот- Не е лесно да останете позитивни кога сте исцрпени, но мора да оддолеете на искушението да ја префрлувате вината на вашиот партнер.
Побарајте помош- Не напуштајте го “бродот кој тоне”, на првата “кривина”. Наместо тоа, побарајте помош од професионалци, пред да се одлучите за развод.