Како да ја направите совршената фотографија од вашето патување

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Кога човек патува, тој би сакал засекогаш да го зачува во умот секој момент, секое искуство, секој лик.522415850ddfccdc52ef8ef4aaf2a113

За жал, сепак, ние луѓето сѐ уште не сме го развиле целосниот капацитет од својот мозок и засега ваквите дејства се едноставно невозможни.

Години, а понекогаш дури и месеци по патувањето, ние веќе заборавиме многу од работите што се случиле таму. За среќа, фотографиите се одличен начин да се задржат спомените живи во нас.

Затоа кадрите од патувањата се толку вредни – на нив се запечатенини омилени места, емоции и слики.

Во последно време сѐ повеќе луѓе го користат Instagram како место каде ги “складираат” најпосакувана фотографии од своето патување или одмор.

Како во секоја социјална мрежа и таму сите сакаат да бидат оригинални и да воодушеват со некоја извонредна слика.

Ако сакате да дознаете на кој начин може да правите одлични кадри, без да сте професионални фотографи, тогаш во нашите совети подолу, ќе ги најдете потребните информации заедно со фотографии.

Користете дополнителни филтри 80646492cd25bdabdbd18d7153cc127f

 

Постојат многу мобилни апликации за обработка на слики, кои ќе ви помогнат да направите идеален кадар. Не е потребно да се потпирате само на филтрите кои ги нуди Instagram. Пробајте и апликации како PS Express и Snapseed.

Одберете го фокусот25925d6fe98e935107f596f154bbd924

Повеќето паметни телефони имаат опција да го допрете екранот, за да се фокусирате на одреден објект. Овој потфат е одличен, кога се обидуваме да ја зголемиме “длабочината” на сликата. Колку поблиску сте до објектот, толку поголема длабочина ќе добиете.Ова создава неверојатна матна позадина.

Светлината е клучотf38d254f807e2adae35ce3111be154e9

Секогаш кога е можно, снимајте во раните утрински часови или раната вечер, кога светлината е “помека”.

“Игра” со елементите на природатаe6d1fefce6454f3cdf3ad706bf3c68a7

Облаци, птици и сончеви зраци – елементи кои обично излегуваат добро на фотографија. Дождот исто така не е ваш непријател. Следниот пат може да ги користите часовите по дождот и да експериментирате со баричките. Вашиот одраз може да биде вистинска ризница од едно патување!

Времето е сèf9c398e580e11c8746aa680eb025b8bb

Ако сте доволно брзи и се разбира, имате среќа, ќе снимите нешто навистина уникатно, додека сте во друга држава.

Замислете ги работите појасноc76abb02a21ff36c1d6751fe8f10b863

За да се прикаже големината на она што го фотографирате, може да се вклучи во рамката нешто што ќе даде јасна идеја на другите. На пример, да ја “држите” во раката Емпајр Стејт билдинг.

Не заборавајте да го чистите објективот438aa85950711c101403e1cc2335ae88

Без разлика, дека користите паметен телефон, наместо фотоапарат – објективот треба да биде исчистен. На овој начин ќе се обезбеди јасност и острина на фотографијата, сликите и боите.

Направете хоризонтална сликаeda3395501968f26e9b1a383793fd2cb

На овој начин ќе опфатите поголем дел од пејзажот што сакате да го зачувате. Потоа во Instagram ќе се исече она што е поважно и што повеќе сакате да се прикаже.