Гаражата е место определено за “дом” на вашиот автомобил, но неговиот простор (особено ако е поголем) има потенцијал да се претвори во нешто многу повеќе од место каде што само ќе ја паркирате вашата кола.
И не, не зборуваме за работилница или пак за простор за складирање на различни нешта.
Вашата гаража може да се преобрази во вистински простор за живеење – по ваша желба и според вашите лични потреби.
Се разбира, треба да ја приспособите и големината на гаражата, за да сте свесни во што точно би можеле да ја трансформирате. А потоа – доволно е да беснее умот!
Домашен фитнес, арт студио, канцеларија, а зошто не и “машко дувло”? Со потребните мебел и подобрувања на местото ќе го добиете токму она за што сонувате.
Во нашата галерија може да најдете креативни идеи, кои ќе ве инспирираат.