Како да не дозволиме намалување на либидото?

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Истражување за одржување на либидото доведе до поучни, иако не нови заклучоци.4578188

Така на пример мажот се возбудува од изгледот, а жените доживуваат привлечност кон мажите кои најубаво ја откриваат својата љубов. Жените ги сакаат зборовите и допирите, а мажите визуелни слики. Жената се прилагодува за секс, а кај мажот либидото може да пламне неочекувано.

Жените сакаат убаво додворување, а мажите не можат да разберат што се бара од нив. Затоа е важно да се зборува и чесно да се откриваат чувствата и желбите. Тогаш ќе настане хармонијата и со либидото сè ќе биде во ред. Освен тоа, според друга студија колку почесто еден пар води сексуален живот, толку ретко ќе се откажува од него. И обратно – паровите кои имаат секс еднаш неделно или месечно, почесто се подготвени да се откажат од сексот и да го заменат со некое друго занимање или занес.

Компанија-производител на кондоми анкетираше лица: што би ја одбрале меѓу шопингот и сексот? Половина од испитаниците го преферирале “либидото” на шопингот. Истражувачите утврдиле уште дека хормоните на љубовта во човечкиот мозок се репродуцираат во текот на 18-30 месеци. За таков период човек може да се запознае, да се ожени или омажи, да роди дете. И потоа привлечноста за интимност може да исчезне. Затоа привлечноста мора да се одржува и развива, претежно со допирни точки со либидото на спротивниот пол.