Како да отворите порака на Инстаграм без да оставите „seen“?

од Nikola Popovski
361 прегледи

Инстаграм-трик кружи на социјалните мрежи што ќе ви биде корисен во многу ситуации. Ако сакате да прочитате нечија порака без да знае лицето што ја испратило, еве како да го направите тоа.

Сигурно сте се нашле во таква ситуација: ве интересира што ви напишал некој, но во исто време не сакате таа личност да знае дека сте ја прочитале пораката.

За да го спречите испраќачот на пораката да види „seen“ (видено) – збор што покажува дека сте ја виделе и прочитале пораката, можете да пробате интересен трик.

Имено, на профилот на испраќачот, треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол.

Потоа, треба да ја изберете опцијата „Restrict“. Откако ќе го изберете ова, треба да можете да влезе во пораката и да ја прочитате без да ја оставите „видена“.

Овој трик се појави на Твитер, а беше пренесен и на Инстаграм.

Слични содржини