Како да препознаете разлика меѓу оригиналните и фалсификуваните евра, Народна банка ја посочи разликата

од Milan1
226 прегледи

Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра. Kако што соопштуваат од НРБМ, фалсификуваните монети често изгледаат заматени, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна

– Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови. Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат, се наведува во соопштението од Народна банка.

Слични содржини