„Како да се распарчи тело?“: Украинска манекенка пронајдена мртва во хотел

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Украинска манекенка била убиена од нејзиното момче во луксузен хотел, а телото ѝ било распарчено со пила, пишува „Дејли мејл“.

Инфлуенсерката Алона Савченко (24) студирала во Кина и патувала во Валенсија, Варшава, Истанбул, Лондон и Рим, пред да пристигне во Бангкок на крајот на април.

На 29 април се пријавила во хотел во Бангкок со нејзиниот партнер Јан Јержи Лагода-Филипоу (25). Полјакот имал маркетинг агенција во Лондон, а Савченко претходно правела фотосесии за него и уште неколку агенции.

Многу брендови ѝ платиле за да ги рекламира нивните производи на социјалните мрежи.

Вработените во хотелот подоцна изјавија дека парот изгледал среќен додека се пријавувале во хотелот заедно, а на снимките од надзорните камери од ходникот се гледа како тие се насмеани додека оделе во својата соба. Но, нешто станало сомнително за обезбедувањето утрото на 15 мај, кога полскиот турист сам и набрзина излегол од зградата на хотелот. Го влечел багажот зад себе и изгледал многу нервозно.

Мажот повикал такси, а возачот подоцна се јавил во хотелот за да ги извести за вознемирувачкото однесување на патникот кој го возел. Наводно на интернет се обидувал да дознае како да распарчи тело.

Надзорните камери на кои тој го напушта хотелот покажуваат како се тресе додека излегува од лифтот со куферот.

Откако се јавил таксистот, персоналот на хотелот отишол да ја провери собата на 32 кат, каде на креветот ги нашол посмртните останки на Алона Савченко. До телото била пронајдена и крвава пила.

Тајландската полиција соопшти дека нејзиниот дечко можеби се обидел да ја премине границата со Камбоџа кога побегнал.

Слични содржини