Како да се справите со одбивање?

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Било која форма на одбивање е непријатна.

Без разлика дали е одбиена вашата апликација за нова работна позиција или за прием на факултетот од соништата. Секако на самиот врв на несаканите одбивања е оној кој доаѓа од личноста која ви се допаѓа. Кога тоа ќе се случи, неподнослива болка е состојба што следи. Токму оваа болка може да ве натера да ја изгубите волјата да ги постигнете своите цели и да создадете негативна слика за себе. Ако не знаете како да се справите со одбивањето кое уследило, можете многу лесно да се најдете на работ на депресија.

Дозволете си да ја почувствувате болката

Ако сакате да го надминете фактот дека некој ве одбил и повредил, мора пред сè да го прифатите фактот дека тоа навистина се случило. Можеби сте чуле за овој совет порано, но што всушност значи? Мора да си дозволите, колку и да е тешко, да почувствувате болка. Тоа е процес кој трае и носи со себе многу солзи и тага, но кој е минлив ако го оставите да помине низ вас.

Водете грижа за себе

Класичен одговор на одбивањето е оној во форма на тага, лутина и чувство на депресија. Во тие моменти, веројатно ви доаѓа да врескате и плачете гласно. Сепак, ова нема да ви помогне да ја надминете болката. Грижете се за себе и ослободете се од негативните емоции на здрав начин преку вежбање или медитација.

Разберете ја причината за одбивањето

Понекогаш толку многу се давиме во езерото од болка, создадено од одбивањето, што забораваме да испитаме зошто тоа воопшто се случило. Ако ги преиспитате своите постапки и ја видите поголемата слика, дури и онаа од негова гледна точка, може да добиете идеја за тоа што го натерало да ве одбие. Можеби премногу сте навалиле или во тој момент тој едноставно не бил подготвен за врска. Причината може многу да ви користи.

Слични содржини