Русите побрзаа да пребараат на Гугл „како да се скрши рака“ откако претседателот Владимир Путин најави итна делумна мобилизација на граѓаните за борбите во Украина.
Како што објави „Гардијан“, американскиот политиколог Иан Бремер на Твитер објави графикон кој покажува ненадеен скок на бројот на пребарувања на Гугл во кои Русите се обидуваат да најдат начин да си ја скршат раката, со коментар дека „би направиле сè, за да не биде испратен во борба“.
searches for ‘how to break an arm’ surged in russia today
anything to get out of combat… pic.twitter.com/nZIrGBCffi— ian bremmer (@ianbremmer) September 21, 2022
Исто така, во вторникот вечерта, по објавувањето на обраќањето на Путин и можната најава за целосна мобилизација, интернет-врските во Русија очигледно се „запалиле“ бидејќи руските граѓани масовно почнале да го прашуваат Гугл како да ја напуштат земјата.
Индексот Гугл за фразата „Како да ја напуштите Русија“ го достигна својот максимум тој ден.