Варењето јајца божем е лесна работа, но тука-таму се појавуваат проблеми. Најчесто јајцата баш за Велигден пукаат и дури и истекуваат. Има решение и за тоа. Погледнете уште некои трикови за убави и здрави велигденски јајца .90f970b0964dff4ee18f203873a5a5ce

Никогаш не ставајте во врела вода јајца директно од фрижидерот. Температурната разлика е премногу голема и лушпата ќе пукне. А, со испукани јајца нема којзнае какви можности за сликарство. Најдобро е да го камуфлирате дефектот со користење на техниката за бојадисување со памук .

За да ја избегнете оваа несреќа може да направите дупче со игла во јајцето. Важно е сепак дупката да е во врвот, а не во страничниот дел на јајцето, бидејќи таму има воздушен балон меѓу лушпата и “кожата” одвнатре. Со овој трик ќе го намалите притисокот при вриење и јајцето ќе остане цврсто.

Ставете ги јајцата во топлата вода пред таа да зоврие . Додајте го времето на јајцата во водата кон времето во кое тие вријат. За тврдо варени јајца се потребни околу 7 минути.

Откако ќе минат 7 минути извадете ги јајцата од топлата вода и облејте ги со ладна за полесно лупење .
Подгответе си ги боите во чинии. Додајте 1 лажичка оцет кон секоја боја , за да “фаќа” подобро и наполнете ги чиниите со топла вода. Ставете го јајцето и почекајте 1-2 минути да се бојадиса.

Ако имате можност, земете домашни јајца , а не од продавница. Јајцата на “среќните” кокошки се со тврди школки и кај вас ќе се сите . Подобро е да бидете сигурни дека кокошките се здрави и се грижат правилно за нив.

Слични содржини