Крајодесничарските политичари во Велика Британија, Франција и во други европски држави, ја обвинуваат ЕУ за сите реални и измислени проблеми во своите земји. Многу од аргументите им се сосема неосновани, но исто така има доволно докази дека унијата итно има потреба од реформи.
Поплаките против ЕУ донекаде се разликуваат во 28-те земји членки, но тие одразуваат еднакви разочарувања. Многу Британци гласаа за излегување од унијата, затоа што сакаа да се ограничи миграцијата од европските држави, и да се тргнат нстрана од регулативите на Унијата. Движењето 5 ѕвезди во Италија сака земјата да ја напушти еврозоната и да се врати на лирата, за економијата да заживее. А француската националистка Марин Ле Пен во март изјави дека ЕУ е „смрт за нашата економија, нашиот социјален систем и за нашиот идентитет“.
Г-ѓа Ле Пен и слични на неа најдоа одзив кај јавноста за своите нативистички и изолационистички ставови, бидејќи многу луѓе ја изгубиле довербата дека ЕУ и нејзините службеници можат да донесат стабилност и благосостојба, кои беа целта на европскиот проект. Во последниве години, неможноста да се најде заеднички одговор на протокот на бегалци од Сирија, Африка и други места, уште повеќе и наштети на репутацијата на ЕУ. Дали Велика Британија ќе излезе или не, во краен случај зависи целосно од лидери као германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и премиерот на Италија, Матео Ренци, кои или ќе ја реформираат ЕУ или ќе гледаат како довербата во неа и нејзината ефикасност уште повеќе ќе се трошат.
Една од главните критики за Унијата е дека не е демократска. Тоа е претерано, но содржи и зрнце вистина. Од трите главни институции на ЕУ, највлијателната е Европскиот совет, кој е составен од националните влади на 28-те земји членки. Одлуките на советот кои се предмет на политички компромиси, ретко ги одразуваат реалните очекувања на народите на повеќето членки на унијата.
Потоа доаѓа Европската комисија, која договара трговски договори, налага антитурстни правила и предлага закони. Избирачите директно не го избираат нејзиниот претседател; наместо тоа тој се избира од Европскиот парламент. Иако избирачите во секоја земја членка го избираат 751-члениот парламент, неговите пратеници не можат да донесуваат закони и имаат ограничена контрола врз буџетот на унијата. Ккао резултат на тоа, парламентот е слаб и во пракса не го диктира правецот на унијата.
Реформи во таквата неразбирлива структура може да вклучуваат давање на поважна улога на Европарламентот при донесување одлуки. Друго подобрување би било да им се дозволи на Европејците директно да избираат претседател на комисијата, што ќе го направи тој орган поотворен кон граѓаните на унијата.
Иако националистите без сомнение ќе се противат на поголема европска интеграција, зафаќањето со најголемте предизвици пред Европа, како што е бегалската криза, ќе го бараат токму тоа. Сегашното раководство на Еу ја направи кризата уште поголема, откако ги остави Италија и Грција да се справат сами со недоволна помош. Исто и европската политика, со која се бара бегалците да бараат азил во земјата во која прво пристигнале, создаде дополнителни проблеми и ги насочи луѓето да патуваат по континентот во обид да стигнат до земјата која ја избрале за свој престој.
Неодамна унијата со огромно задоцнување реши да создаде заеднички европски гранични сили, кои ќе помогнат во справувањето со миграцијата и безбедноста. Потребно е да се оди подалеку затоа што се централизира регистрацијата и следењето на бегалците, и тие да бидат раселувани согласно можностите на земјите кои ги примаат. Тоа значи членките на ЕУ да споделат повеќе ресурси и разузнавачки информации.
Друг голем предизвик е ослабената економија на Европа, која сега стана уште понестабилна од нејасностиите поврзани со напуштањето на Велика Британија. Некои земји, како Грција и Шпанија, доживеаја толку голем пад во животниот стандард, што за целосно заздравување ќе бидат потребни децении. Дури и во земји кои се во подобра положба, како Франција и Италија, невработеноста се уште е над нивоата од периодот пред финансиската криза. Во Велика Британија, која не го користи еврото и каде владата стори многу за заживување на економијата, просечната плата го надмина нивото пред кризата дури минатата година.
ЕУ може да ја зајакне европската економија ако ги преструктуира долговите на послабите земји членки. Таа може да ги зголеми буџетските расходи зада ги стимулира приватните ииннвстиции и да ја зголеми конзументската побарувачка. Друга важна идеја, создавањето на европскиот систем за гарантирање на банкарските депозити на граѓаните, беше предложен пред неколку години, но сеуште не е реализиран.
Од самиот почеток, европската интеграција беше заснована на идејата дека таа го гарантира мирот, а со единственот пазар – поголема благосостојба на целиот континент. Во многу односи таа ги постигнала тие цели. Но вознемирува што Брегзит и последиците од него ги охрабрија оние кои сакаат да ја растурат унијата.
Њујорк тајмс – Њујорк