Како да зготвите вкусен вегетаријански омлет

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Едно од најлесните јадења кои човек може да ги приготви за ограничено време и со ограничени производи е омлет .d7cc5a21e552f3ca8bd4071124fae564

Постојат многу негови варијанти , вклучувајќи и такви за вегетаријанците .

Овој рецепт исто го исклучува месото, за сметка на што пак во составот има други вкусни замени.

За околу 15 минути може да приготвите прекрасен вегетаријански омлет и тоа две порции од него. Пред тоа, бидете сигурни дека ги имате следниве производи:

– 6 јајца;

– ¼ чаша течна павлака за готвење;

– Сол и бибер по вкус;

– 2 лажици масло;

– ½ главица кромид – исечена на мали коцки;

– ½ чаша домати – сечени на половина;

– 1 чаша и половина спанаќ;

– ½ чаша рендан кашкавал;

Начин на приготвување:

1. Изматете ги јајцата во доволно голем сад. Додајте павлака за готвење, сол и црн пипер. Промешајте повторно.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Загрејте нелеплива тава на умерена температура и со стопен путер. Потоа ставете сецкан кромид и гответе за неколку минути додека се здобијат со златно-кафеава боја.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Додадете исечени домати и спанаќот. Зачинете со уште сол и бибер по вкус.Промешајте и гответе, додека ливчињата спанаќ “омекнат”.

Фото: thepioneerwoman.com

4. Потоа додадете ги јајцата и повторно промешајте. Намалете ја температурата на ринглата до ниска и полека мешајте ја смесата.

Фото: thepioneerwoman.com

5. Кога јајцата се речиси готови, додадете рендан кашкавал и продолжете да мешате.

Фото: thepioneerwoman.com

6. Послужете кога вегетаријанскиот омлет е подготвен. Може да украсите и со овошје (по желба).

Фото: thepioneerwoman.com