“Како до сега, така и од сега” – конгресна Повелба на ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
178 прегледи

На 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во Куманово беше усвоена конгресна повелба која ги дефинира идните движења на партијата.

g_vmro-dpmne-4
Во повелбата се наведува дека развојот на економијата останува еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ затоа што создавањето на висок и одржлив раст е основниот начин за зголемување на вработеноста и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

“ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирано на континуирано унапредување на поволна бизнис клима и одржување на вкупните трошоци за работа на фирмите меѓу најконкурентните во Европа и натамошно подобрување на инфраструктурата и правната сигурност. Досегашните 13.000 новоотворени работни места само преку СДИ е показател за добро трасираниот пат, но и потик за засилување на активностите и отворање на нови можности за граѓаните. Како зацртана и проектирана тенденција ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за остварување на економски раст од 4 до 5.5 проценти во следните години доколку нема нова криза.

Растот ќе биде поддржан и преку политиките на партијата насочени кон зголемување на платите на пензиите на социјалната помош како и задржување на високи земјоделски субвенции. Целосна функционалност на фондот за иновации за поддршка на малите и средни ретпријатија. Партијата ќе остане на политиката на едноставни и ниски даноци чии ефекти се стимулиран бизнис и намалена сива економија.

За домашните фирми и понатаму ќе бидат задржани ниски непроменети даноци преку концептот за нулта стапка на данокот за реинвестирана добивка. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со засилени инвестиции во изградба на патишта и железничка инфраструктура, а ќе се објави концесија за изградба на автопат Гостивар-Кичево, но ќе се работи за на железничко поврзување кон Бугарија односно коридорот 8 и коридорот 10.

Ќе се продолжи со инвестирање и развој на туризмот преку задржување на политиката на субвенционерање која ке овозможи евтини авионски летови до над 20 европски центри. Партијата ќе продолжи и со политиката на субвенции за што досега се исплатени 677 милиони евра како директна поддршка. Таа ќе продолзи да се зголемува, ќе се овозможи полесен пристап до кредити продолжување на мерката 50 50, олеснување на откупот и здружување и окрупнување на земјоделските производители.

Продолжуваат и инвестициите и во здравството. Во повелбата стои дека ВМРО-ДПМНЕ не гледа на тие инвестиции како трошок туку како на инвестиција во обезбедување здрава иднина. ВМРО-ДПМНЕ се залага сега и во иднина секој човек да има еднаква и квалитетна здравствена заштита.

Ќе се гради централен здравствен систем базиран на квалитетни знаења и вештини и добра здравствена инфраструктура. Посебен дел се посветува на развој на образованието културата и младите и спорот, како и демографијата семејството и традицијата како посебен фокус.

Во однос на надворешната политика останува фокус членството во НАТО и ЕУ. Посебен фокус ќе се стави на продлабочување на односите со соседите како и продолжување на традиционалното пријателство со САД. Еден од приоритетите останува владеењето на правото и борба против корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ се залага за унапредување на културата на законитост, почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанитот и темелните вредности на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ во повелбата внимание посветува и на дијаспората.”-стои во Повелбата