Кaко до совршена кампања на Instagram

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 

Berilnstagram најавен за говорник на AllWeb

Berlinstagram

Повеќе од 400 милиони корисници на социјалната мрежа Инстаграм дневно објавуваат по околу 80 милиони фотографии и видеа. Најголем дел тоа го прават од забава, а брендовите ја користат оваа платформа како уште една можност за директна комуникација со нивните купувачи.

За Михаел Шулц, еден од говорниците на AllWeb конференцијата за дигитален маркетинг, Инстаграм е клучната причина заради која ја напуштил својата стандардна работа. “Овој сервис е одлична платформа која на компаниите им овозможува да споделуваат уникатна содржина, инспиративни приказни и креативни кампањи, што води кон вин- вин ситуација и за брендовите, но и за самата заедница“- вели тој. На мрежата познат како @Berlinstagram, Шулцима скоро 500 илјади следбеници и практикува т.н. улична урбана фотографија. Досега им има помогнато на брендови како Левис, Адидас, Абсолут, Убер, Самсонајт и други.

Како еден од говорниците на овогодинешниот AllWeb, што ќе се одржи на 13 ноември во Скопје, Шулц со присутните ќе зборува за различните модели, концепти и механики за водење на успешна кампања и комуникација на Инстаграм. Според него, успешната кампања подразбира силна поврзаност помеѓу брендот и заедницата.

AllWeb e единствената конференција посветена на дигитален маркетинг во Македонија, која се одржува четврта година по ред.Организаторите за годинава најавуваат уште петнаесеттина одлични говорници, а повеќе информации за програмата може да се најдат на www.allweb.mk. Влезниците за конференцијата веќе се пуштени во продажба.