„Како Ерменка, јас сум посебно чувствителна“: Ким Кардашијан се огласи во врска со војната во Израел (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
583 прегледи

Старлетата Ким Кардашијан се огласи во врска со војната меѓу Израел и Хамас.

Таа нагласи дека со сето срце е со својот народ и дека ѝ е крајно жал за хоророт низ кој моментално минуваат Израелците.

„Порака до моите еврејски пријатели и семејството. Ве сакам. Ве поддржувам. Слушнав колку сте исплашени и сакам да знаете дека не сте сами. Срцето ми се кине кога ги гледам видеата на децата и семејствата кои ги убиваат терористите пред целиот свет. Бруталниот тероризам однесе невини животи и сега и израелските и палестинските цивили страдаат и ја плаќаат најголемата цена. Како Ерменка, јас сум посебно чувствителна на овие прашања бидејќи со години зборувам за ерменскиот геноцид, а сега по неколкумесечна опсада, со минимално медиумско покривање и без поддршка однадвор, Ерменците се жртви на етичко чистење“, започна Ким.

„Без разлика на чија страна сте и како ве потресоа ужасите во изминатите неколку дена, во нашите срца секогаш треба да има простор за сочувство за невините жртви кои се најдоа во ќорсокак на конфликти за власта, политиката, религија, раса и етничка припадност“, продолжи старлетата и додаде дека таа и нејзиното семејство се молат за сите луѓе од областите погодени од војната.

Слични содржини