Како големината на гумите влијае на вашиот автомобил? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Пред 20 години, спортските автомобили можеа да се пофалат со тркала од 15 инчи, додека денес дури и семејните автомобили се возат на тркала од 20 инчи.

Порше открива дали овој тренд е оправдан. Рецензија се правеше на Porsche 911 со гуми „Michelin“ со различни дијаметри. Пневматиците Pilot Sport 4S NAO беа специјално развиени за 911.

Тие тестираа две опции: помали предни тркала со дијаметар од 19 инчи и задни тркала од 20 инчи и поголема комбинација од 20 инчи предни и 21 инчи задни.

Очекувано, нема значителни разлики во секојдневното возење, се разбира, со исклучок на естетското задоволство. На сува површина и двете овозможија забавување од 100 km/h до 5 km/h за нешто повеќе од 33 метри. Истата приказна е и на влажно, каде што растојанието за сопирање од 80 до 5 km/h беше нешто повеќе од 33,6 метри.

Меѓутоа, на тркачката патека приказната е сосема поинаква. На влажни подлоги, помалиот сет на гуми беше повеќе склон кон преуправување, што се покажа и во тајмингот. 911 со поголемите гуми ја помина тест патеката седум десетинки побрзо.

Уште поголема разлика е постигната на сува површина. 911 со помали гуми патеката ја помина за 71,53 секунди, а со поголеми гуми за само 70,43 секунди.

Разликата е очигледна, но само во спортското возење. На крајот, на купувачот му останува да одлучи дали ќе ги купи поскапите поголеми гуми или ќе се придржува до стандардната понуда.

Слични содржини