Како големите европски градови се справуваат со отпадот – методи применливи и во Северна Македонија

од Vladimir Zorba

Според современите прифатени стандарди, правилното управување со отпад започнува со правилна селекција на отпадот. Селекцијата започнува пред се дома или во компаниите. Потоа, управувањето на отпадот подразбира дел пренамена преку рециклирање или во извор на енергија а дел се балира, односно се депонира на безбеден начин на подолг период пред и тој да биде целосно преработен. Методот на балирање, како меѓу фаза додека да биде целосно обработен отпадот, е потврдено еколошки.

Во Франција, каде годишно се создава 390 килограми отпад по жител, отпадот од домаќинствата се селектира во околу 200 центри за селекција на отпад низ целата држава. Во центрите отпадот се селектира во повеќе фази, односно се одвојува на повеќе секции, метали, пластика, селекција на комунален отпад, стакло и во зависност од тоа отпадот се балира. Балирањето на отпадот се применува во повеќе градови во Франција како што се Париз, Ним, Порто Векјо, Еро. На пример, фабриката за балирање во Ним има капацитет од 110.000 тони годишно во една линија. Во Агде, кое е помало гратче дневно се произведува и балира околу 25 тони отпад, а во одредени месеци достигнува до 150 тони. Сепак Париз е симболот за соодветно управување со отпад, рециклирање и балирање во Франција.

Шведска е глобален лидер кога станува збор за справување со отпад, рециклирање и грижа за отпадот што го произведува. Од 2011 година, помалку од 1% од целиот отпад од домаќинствата се испраќа на балирање во депониите кои постојат таму. Останатите 99% од отпадот се рециклира или се трансформира во обновлива енергија. Според тоа, околу половина од отпадот во Шведска се претвора во енергија од обновливи извори која се користи за електрична енергија, централно греење или ладење. Со ова Шведска стана глобален лидер во управување со отпад.

Холандија, исто така, се вбројува во европските земји кои успешно се справуваат со менаџирање на отпадот. Голем дел од населението преземаат индивидуална одговорност за благосостојбата на животната средина и го рециклираат својот отпад. На секои два милиони тони хартија и стакло, собрани во Холандија, близу 90% се рециклираат и се користат за производство на нови производи.

Селекцијата на отпад започнува од граѓаните, односно во нивните домови. Потребно е граѓаните во Македонија да разберат што сè се прави со отпадот и негативните влијанија врз животната средина и здравјето на граѓаните при несоодветно управување со отпадот. Тоа ќе придонесе до промена на индивидуалното и колективно однесување со што ќе се врши правилна селекција на отпадот. Сепак, овој процес не може да започне сега бидејќи нема организирано управување или селектирање на отпадот. Уште повеќе, регионалните центри за обработка на отпад би биле подготвени за 5 до 6 години во најдобар случај. За тоа време, тонеме во отпад. Ни треба брзо и еколошки безбедно решение.

Од ПП индустри, локална компанија што е специјализирана за ваков вид управување со отпад, велат дека балирањето е најсоодветно решение за сегашната состојба во Македонија.

“На земјата ù е потребен брз, еколошки и ефикасен метод, а единствен таков е балирањето, затоа што безбедно го складира отпадот и така компресиран и спакуван во бали има околу 70 проценти помала зафатнина отколку само одложен и оставен на атмосферските влијанија. Вака спакуван отпадот може да стои подолг период, додека не се направат центрите за негова обработка. Кога е во бали, отпадот не ги загадува водите и почвата, неговата прашина не се разнесува насекаде и не е подложен на горење. Затоа е еколошки. Една постројка за балирање може да се инсталира за 15 дена, и веднаш е оперативна. Има капацитет од 35 тони на час, односно 140 000 тони годишно. Само со 1 единица за балирање, може да се обработи отпадот од 300 000 жители”, велат од ПП индустри.

За инсталирање на постројка за балирање, месечните трошоци кои би ги имале граѓаните се помеѓу 20 до 30 денари од жител, а постројката е флексибилна и работи по потреба.

Слични содржини