Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 76-годишна возраст на Военомедицинската академија по тешко боледување. Во едно од неговите многу интервјуа, тој откри дека го добил прекарот Лане во средно училиште.
„Ми го даде мојот пријател Чора од Електротехничкото училиште Никола Тесла. Нане му се римувало со Милан Лане“, изјавил одамна актерот за српските медиуми.
Тогаш открил и дека не знае да готви, а на прашањето што ја прави жената неодолива, тој рекол – убавина.
„Убавина, а што е убавина, не можам да кажам. Љубителите на геометријата велат дека убавината е симетрија. Оние што ја сакаат физиката веруваат дека рамнотежата е убавина. За математичарите и музичарите, хармонијата е лулка на убавината “, рече еднаш Гутовиќ.
На шега тогаш појаснил дека на младите не им треба иднина.
„Што ќе им е, кога сега се во во најдобрите години“, изјавил големиот Лане.