Како исламистите го “куртулија” Асад

од desk3
103 прегледи

Пред четири години Сиријците се побунија против режимот на Асад. Протестите се претворија во вистинска војна, а потоа некаде се појавија и џихадисти. Токму тие обезбедуваат сега политичкото преживување на Асад.

0,,17404402_303,00

“Народот сака да го сруши режимот” – пароли како овој се појавија во пролетта на 2011 година по ѕидови и огради во јужносирискиот град Дера. Ги напишале неколкумина ученици кои подоцна беа приведени. Токму овие апсења ги натераа жителите на градот да излезат на протест. Силите за безбедност на Асад отворија оган врз демонстрантите, а тоа излегоа уште повеќе Сиријци на улица. Но и против нив режимот манифестираше брутална сила, со што стави почетокот на една граѓанска војна, која во меѓувреме го одзела животот на речиси четвртина милион Сиријци.

Многу од преживеаните се обидоа да се спасат, бегајќи во странство. Близу 4 милиони Сиријци ја напуштија својата татковина, а други 6 милиони бараат азил кај роднини и познаници во самата Сирија. При тоа Сиријците бегаат веќе не само од насилството на режимот. Тие бараат спас и од злосторствата на џихадистичките групи како “Исламска држава”.

0,,18222390_404,00 (1)

Еден стар трик

За инвазијата на џихадисти во Сирија вина носи режимот на Асад, вели за Дојче Веле политикологот Надим Шехади од британскиот тинк-тенк “Chattham House”. Исламистите му доделија на Асад одлична можност да го заштити својот режим од колапс, додава Шехади и појаснува дека станува збор за една добро позната тактика, со помош на која диктаторите се обидуваат да го одвлечат вниманието од себе: “Кога ги загрозува закана диктаторите прибегнуваат кон следниов трик: ги отвораат затворите, пуштаат на слобода секакви криминалци и така создаваат хаос. Потоа почнуваат да трубат дека се борат против овој хаос и така практично ја легитимираат сопствената власт “, објаснува политикологот.

И всушност, меѓународната заедница веќе гледа сосема поинаку на Сирија. Додека во првата година од војната вниманието беше фокусирана главно на злосторствата на режимот на Асад, во следните месеци на преден план излезе победоносниот потег на “Исламска држава”. Злосторствата на исламистите ги ужаснаат подеднакво силно како муслиманите, така и друговерците. А кога во текот на летото на 2014 година терористичката организација објави свој калифат, стана јасно дека претензиите за доминација не познаваат граници. Атентатите, организирани од џихадисти во другите земји од регионот, но исто така во Европа, Канада и Австралија, недвосмислено покажаа дека “Исламска држава” располага со светска мрежа на симпатизери и потенцијални помошници, кои се подготвени да нанесуваат удари насекаде и во секое време .

На овој начин “Исламска држава” ја постави меѓународната заедница во цајтнот. Создаде меѓународна коалиција за борба против џихадисти, предводена од САД. За моментов друго можно решение онака нема, вели Барах Микаил од истражувачкиот институт FRIDE во Барселона. Во исто време е факт дека овој конфликт не може да се реши само со воена сила, додава експертот, но признава дека не се појави и политичко решение, бидејќи во оваа фаза нема никаква можност да се водат преговори со исламистите. Односно – целосен ќорсокак. Единствениот излез од неа е да се создадат услови кои трајно ќе ги преминат можностите на “Исламска држава” да се снабдува со свежи засилувања од борци. “А тоа може да стане само ако потенцијалните симпатизери на џихадисти бидат успешно интегрирани во западните земји и ако некои од основните проблеми на Блискиот Исток, како што се корупцијата и невработеноста, се ограничени. Не се случи ли тоа, повеќе луѓе ќе паднат во мрежите на исламистите “, предупредува експертот.
Асад веќе не е непријател број еден

0,,18259628_401,00

Во позадината на злосторствата кои ги врши “Исламска држава”, Асад и неговиот режим веќе не се непријател број еден за западната заедница. За разлика од џихадистите, режимот на Асад е релативно предвидлив, макар и да е нелегитимен. Покрај тоа, овој режим во меѓувреме стана гарант за регионална дури и меѓународна стабилност. “Владата на Обама веќе јасно рече дека сака Асад да остане на власт. САД не сакаат нова влада во Сирија”, вели во оваа насока политикологот Надим Шехади.

Во исто време е факт дека од битката на Асад против џихадисти страдаат најмногу оние луѓе кои живеат во областите контролирани од “Исламска држава”. Во војната против терористите воениот апарат на Асад не ги почитува ни најмалку цивилите. Кога сириските борбени хеликоптери фрлаат бомби над населби, управувани од луѓе на “Исламска држава”, тие имаат за цел да ги убијат токму исламистите. Но на сите им е јасно дека кај овие бомбардирања загинуваат и огромен број невини граѓани.

Меѓународната заедница е немоќна против овој пристап. Индикативно е како весник “Аl-Sharq al-Awsat” го коментира постигнатото од специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура: “Потребни му беа цели четири месеци, за да договори примирје во еден кварт на Алепо. А во исто време целата земја гори “.