Џенифер Лопез, за чиј изглед со и без Фотошоп често се дискутира во јавноста, папараците повторно ја фотографираа, по што дефинитивно се уверивме дека оваа латино дива изгледа беспрекорно.
Со оглед на фотографиите, малкумина би рекле дека славната Џеј Ло за неколку дена ќе го прослави својот 52-ри роденден, барем судејќи според нејзините најнови фотографии, и оние направени од папараците.
Имено, таа беше снимена во лежерно издание во Санта Моника, Калифорнија, додека го паркираше автомобилот во продуцентска куќа. Таа носеше тренерка со отсечен врв и на тој начин ги покажа плочките на стомакот и врвната топ-форма.
Латино дивата неколку пати беше критикувана за разликата помеѓу фотографиите што ги објавува на Инстаграм и оние од реалниот живот. Сепак, сега сите се согласуваат дека нејзиното тело е навистина за восхит и може да биде пример за многу жени.