Како изгледа кружен тек на дното на Атлантскиот океан (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Работите на првиот подводен кружен тек, кој беше изграден во Атлантскиот океан и ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели, се завршени.

Како дел од новиот тунел долг 11 километри на дното на океанот, кој поврзува два од 18-те Фарски острови, кружниот тек не е само функционален, туку и вистински архитектонски скапоцен камен. Уметникот Трондур Патурсон е одговорен за уредување на овој кружен тек и неговото осветлување.

Најниската точка на тунелот „Ејстурој“ лежи на 189 метри под нивото на морето. Во 2014 година, парламентот ги одобри плановите за изградба на тунел со намера да го поврзе главниот град Торшавн со две точки на островот Ејстурој – Рунавик и Срандур.

Тунелот ќе го скрати растојанието помеѓу Торшавн, кој се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмоја, до две села на Ејстурој, од 55 на 17 км. Тоа ќе го намали времето на возење од повеќе од еден час на само 16 минути, потсетува Ревијахак.

Слични содржини