Неодамна е спроведено истражување во кое учествувале 60.058 хетеросексуални мажи и жени кои давале информации за бројот на своите сексуални партнери, телесната височина и тежината.
Се покажало дека просечен број на сексуални партнери кај мажите и жените помеѓу 30 и 44 години изнесувал 8. Пониските мажи спиеле со пет жени, додека кај мажите со поголема височина станува збор за десет.
„Резултатите всушност покажале дека височината е сепак важна за пронаоѓање на партнери. Сепак, тешко е да се објасни ограничената варијанта во бројот на партнерите со порастот на височината“, објаснува професорот кој ја водел студијата Дејвид Фредерик.
Жените ги сакаат мажите кои се повисоки од нив, па се претпоставува дека под одредена височина не ги бираат мажите и се повисоки од нив се потенцијални сексуални партнери.Поради тоа, сите мажи на крајот имаат подеднаков број сексуални партнери, објаснува Фредерик.
Кога станува збор за тежината, оние со среден индекс на телесна маса имале најголем број сексуални партнери. Интересно, но веднаш зад нив биле и подебелите мажи. Сепак, најмногу сексуални партнери имале мажите кои изгледаат посилно или имаат атлетска градба.