Долгоочекуваната свадба на Меган Маркл и принцот Хари е во мај. За неа, актерката одлучи да го прекине нејзиното учество во серијата „Suits“.
Па, во последните шест епизоди од сезоната седум ќе видиме како ќе заврши љубовната сага меѓу хероината на Меган и Патрик Адамс. И тоа е она што првиот тизер го издава.
„Suits“ стартува на 28 март, а главната разврска ќе ја видиме на 25 април во последната епизода, која ќе биде подолга од вообичаеното. Но фановите на шоуто, исто така, ќе мора да се збогуваат со Патрик Адамс, кој нема да биде дел од осмата сезона.
Патрик Адамс е дел од серијата од самиот почеток (2011 година) и тоа – да биде далеку од дома и неговата сопруга, седум години подоцна, се испоставува непремостлива пречка.
From coworkers to lovers and everything in between.
Find out how Mike and Rachel's story ends when #Suits returns March 28. pic.twitter.com/U1nGZvmdUV— Suits (@Suits_USA) March 5, 2018