Како Кинезите постапуваат со тинејџерите, ЗАВИСНИ ОД ИНТЕРНЕТ? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кина е една од првите земји што ја призна зависноста од Интернет како клиничко нарушување. Со право се проценува дека адолесцентите најмногу страдаат од оваа зависност, затоа властите на оваа земја отворија „поправни“ кампови за млади луѓе.

Во овие кампови владее воен дух. Часовите ги одржува поранешен воен персонал. Најстрога дисциплина, многу физичка активност и рутински домашни работи.

Младите Кинези, кои престојуваат во овие кампови, се должни да разговараат со психолог и строго да ги извршуваат сите наредби. Ако се појави непослушност, не се казнува само едно лице, туку целата група.

За забава може да се играат само кинески народни игри. Владата планира да отвори вкупно 250 вакви кампови.

Кинезите, уморни од викање по деца и принудување да го остават компјутерот, главно ги испраќаат своите потомци на превоспитување во споменатите кампови.

Се уште не е познато што мислат учесниците за овие кампови, но снимката покажува дека тие не се многу воодушевени.

Слични содржини