Како кралот Чарлс ќе го прослави својот 75-ти роденден?

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Британскиот крал Чарлс Трети денеска го слави својот 75-ти роденден, како што е најавено, работно, и ќе ги истакне проектите кои му биле важни долго време, вклучително и помагањето на сиромашните. Неговите роденденски планови вклучуваат прием за болничари и акушерки во Националната здравствена служба (NHS), која исто така денеска го слави својот 75-ти роденден.

Денот ќе биде одбележан со церемонијален топовски истрел, вклучително и од Лондонската кула, јавува Би-Би-Си.

Плановите на кралот за денеска нагласуваат јавна служба, а не церемонија, но сепак се очекува да биде организирана приватна вечера за блиското семејство и пријателите.

Принцот Хари, војводата од Сасекс, кој живее со семејството во САД, нема да биде присутен, но, според сигурни извори, ќе му се јави на својот татко на телефон за да му честита.

Слични содржини