Како крвната група влијае на карактерот, среќата и страственоста на луѓето?

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Од 1930-тите, Јапонците започнале да забележуваат поврзаност на крвните групи со одреден тип на личност, а еден од основачите на таа наука бил научникот Фурукава Такеџи. Во Јапонија скоро секој знае која група ја има, а некои компании одат дотаму што назначуваат работници на позиции што одговараат на нивната крвна група. Во теоријата на поврзаноста на крвта и карактеристиките на личноста, Rh факторот не игра никаква улога, а постојат четири крвни групи: 0, А, Б и АБ.

Жена со крвна група А и маж од крвна група 0 имаат страсна врска, полна со сексуална напнатост и желба. Тие обично се многу плодни, но нивната врска е динамична и полна со пресврти, затоа е потребна голема толеранција. Многу компатибилен пар е жена од групата 0 и маж од групата АБ – тие имаат добра комуникација, поддршка и се романтични. Во комбинација на жена А и маж Б, ова се спротивности кои се привлекуваат едни со други – и со многу љубов и напор, тие имаат одличен брак.

Крвна група 0

Луѓето со крвна група 0 се генерално исклучително социјални и спонтани. Тие често иницираат работи и настани, креативни се и популарни, па имаат голема самодоверба. Жените од оваа група бараат партнер кој обезбедува сигурност и очекуваат многу нежност и комуникација од мажите. Тие сакаат да создадат семејство и се грижат за нив. Мажите со група 0 се ловци во љубовта кои сакаат предизвици и освојувања и ги презираат пасивните жени. Тие сакаат партнер кој ги охрабрува, им се спротивставува и секогаш знае што сака.

Крвна група А

Луѓето од оваа крвна група изгледаат мирни и сталожени, но ги кријат своите мисли кои никогаш не згаснуваат. Тие се одлични перфекционисти. Од сите групи, тие се најмногу склони кон уметност. Тие се емпатични, но и преосетливи. Жените обично се многу интелигентни и сакаат „ред, работа и дисциплина“. Во љубовта, тие честопати се премногу внимателни и треба да бидат освојувани подолго време, а имаат и бројни критериуми за партнер. Мажите од оваа група не се големи заводници, но пристапуваат пријателски. Упорноста, лојалноста и емпатијата ги прават одличен „материјал“ за брак.

Крвна група Б

Тие се приземјени и ориентирани кон целите. Од сите групи, тие се најголеми индивидуалци. Тие се животни тактичари и ретко се случува да не знаат што сакаат или како да стигнат таму. Жените сакаат многу внимание и посветеност, но само од оној кој ќе ги исполни нивните критериуми. Тие се познати по тоа што се жалат од партнерот, но не злонамерно, туку сакаат да го охрабрат на подобро. Многу се еротични. Мажите од оваа група се одлични заводници, а во животот обично се вљубуваат само еднаш. Како партнери тие се добри.

Крвна група АБ

Луѓето кои ја носат оваа крвна група се всушност карактеристична комбинација на крвните групи А и Б во кои секогаш едната преовладува малку повеќе. Тие обично се спонтани, прилагодливи и не се „тешки“ како карактери. Жените од оваа крвна група не сакаат патетика и драма во љубовта, туку партнер со кого можат искрено да споделат сè. Ниту мажите не се многу поразлични, тие сакаат вљубеност но се свесни дека тоа поминува – па затоа им се поважни интелигенцијата, ставовите и добрата душа на нивната партнерка. Сепак, сексот е важен и за мажите и за жените од оваа група за долгорочна врска.

Слични содржини