Како Леброн и Коби: Повторно ќе може од средно училиште во НБА

од Nikola Popovski

Раководството на американската професионална кошаркарска лига НБА и Здружението на играчи се блиску до договор за намалување на старосната возраст на играчите кои можат да се пријават на драфтот од 19 на 18 години, со што повторно би се отворила можноста за влез во најсилната лига во светот директно од средно училиште.

Новото правило ќе стапи на сила во 2024 година.

Минималната возраст за кошаркарите да влезат на драфтот беше зголемена од 18 на 19 години во 2005 година, откако зголемениот број играчи го прескокнаа факултетот.

Вкупно 46 играчи пристигнаа директно од средно училиште во НБА, меѓу кои најпознати се Леброн Џејмс (2003), Коби Брајант (1996), Кевин Гарнет (1995), Двајт Хауард (2004) и Трејси Мекгрејди (1997).

Слични содржини