Како Мајкрософт ќе заработува од бесплатниот софтвер?

од Vladimir Zorba
97 прегледи
Ако сте се запрашале како Мајкрософт планираат да заработуваат пари, откако во последната година почнаа да подаруваат бесплатен лиценци за Виндоус и Виндоус Фон, и дури предложија пристап до канцеларискиот пакет на корисниците на Андроид и ајОС, можеби овој поглед кон стратегијата на компанијата ќе ви даде одговор. microsoft-ces-booth
Според извори од компанијата, Американците се стремат да ги примамат корисниците да ги користат нивните бесплатни апликации и услуги, за во еден момент да посакаат да си платат за претплата за подобрени функции. На сличен начин делува и „фримиум“ моделот употребен од многу мобилни апликации.
Допрва треба да разбереме дали тоа ќе функционира, бидејќи Мајкрософт традиционално немаат искуство со ваков бизнис модел, кој инаку е сосема успешен за компании како Гугл, која нуди бесплатни услуги за кориснички податоци и има приходи од реклами.
Спроведувањето на стратегијата за поврзување на различните основи производи на Мајкрософт е веќе започната со интеграцијата на таблетот Срфејс Про 3 со услугата УанНоут, што доведе до значителен пораст на нејзината употреба. На сличен начин користењето на виртуелниот асистент Кортана ја зголемува и употребата на пребарувачот Бинг.