Како „малиот Орбан“ тресе?

од Vladimir Zorba
3,5K прегледи

Ако изборите се одржaa сега, политичките односи во словенечкиот парламент ќе се променеа и затоа Јанез Јанша ќе стори се за да ја зачува моќта, пишува хрватски „Глобус“.

Во текстот на авторот Жељко Тркањец се вели дека политичкиот хаос во Словенија започнал во 2004 година, а не се смирува ниту денес. Причината, како што се наведува, е едноставна – до влезот во ЕУ и НАТО, Словенија имаше една цел, а сега таа цел се смени, бидејќи веќе нема политичко единство.

Сега словенечката политичка криза достигна ново ниво – владината коалиција е предводена од Јанез Јанша, но шеф на парламентот е Игор Зорчиќ, кој ја напушти истата коалиција, па Словенија се најде во невообичаена ситуација, владата нема претседател на парламентот, а владината коалиција има само 38 гласа во парламентот и зависи од добрата волја на двете пратенички групи.

Како што понатаму се наведува во текстот, модерната историја на Словенија ја обележа Јанез Јанша, роден како Иван Јанша, кој започна да ја критикува тогашната ЈНА во раните 1980-ти, кулминирајќи со објавување на текст во Младина, за кој ЈНА заклучи дека открил воена тајна.

Поради тоа, Јанша заврши во затвор, кој беше еден од првите иницијатори на протестот на тогаш веќе силното опозициско движење во Словенија. Во првата словенечка влада по демократските избори, Јанша ја доби функцијата министер за одбрана. Но, неговата амбиција беше многу поголема.

Според авторот на анализата во „Глобус“, Иван сепак морал да ги потисне своите амбиции во 1992 година затоа што на сцена стапил Јанез Дрновшек. Клучен момент за Јанша беше 1994 година и скандалот во кој припадниците на воената полиција уапсија цивили, што предизвика бура критики во Словенија, а Дрновшек го отстрани Јанша од министерската позиција.

Словенија стана членка на ЕУ во 2004 година, Дрновшек веќе поднесе оставка од функцијата претседател, а Милан Кучан се пензионира по два претседателски мандати. Есента истата година, Словенечката демократска партија, предводена од Јанша, победи на изборите.

Потоа на сцена стапи Карл Ерјавец, ја презеде партијата на пензионерите (ДЕСУС) и се сврте кон Јанша, кој повторно стана министер за одбрана. Една година подоцна, тој насилно го замени Зоран Јанковиќ, водачот на најголемата словенечка компанија „Меркатор“.

Нов удар за Јанша беше извештајот на финската телевизија, кој потврди дека имало корупција во набавката на оклопните возила „Патрија“ во Словенија, поради што ги загуби изборите во 2008 година. Тогаш Борут Пахор ја презеде владата и се соочи со глобалната финансиска криза, која ја фрли Словенија на колена.

Јанковиќ, тогаш веќе респектабилен градоначалник на Љубљана, ја основаше партијата Позитивна Словенија за новите избори во 2011 година, победува, но Јанша го надигрува зад сцената и формира влада. Но потоа и тој и Јанковиќ ќе мора да дадат оставка, затоа што антикорупциската комисија започна истрага против нив.

Јанша мораше да оди во затвор поради аферата „Патрија“, но тој сепак беше избран за пратеник, така што во земјата имаше единствена ситуација: на Јанша му беше одобрено да оди од затвор на парламентарни седници, а на крај Уставниот суд одреди пресудата да биде укината за кршење на човековите права.

Четири години подоцна, СДС на Јанша повторно стана најмоќната партија. Сепак, по падот на словенечката влада, Јанша веќе имаше јасно дефинирани коалициони контури.

Свесен дека му се отвори нова можност, која треба да го достигне својот врв со словенечкото претседателство со ЕУ, Јанша, кој сега е премиер, започнува политичка крстоносна војна. Противници се опозицијата, медиумите, судството. Тој цврсто стои во одбрана на унгарскиот премиер Виктор Орбан, а потоа и на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кулминација се случи кога тој му ја честиташе на Трамп изборната победа ден по изборите.

Новинарките ги нарекува пијаници, се кара со ЕУ, го поддржува Орбан во моментот кога е исклучен од Европската народна партија во Европскиот парламент.

Опозицијата бараше предвремени избори, бидејќи се покажа дека владината коалиција нема мнозинство, но Јанша реши да се бори против тоа со сите средства, наведувајќи ја актуелната здравствена криза и потребата за стабилност во земјата три месеци пред да го преземе Претседателството со ЕУ.

Во Брисел многумина сакаат избори затоа што Јанша изгуби каква било вистинска поддршка, а групата социјалисти и демократи не го толерираат и го нарекуваат „малиот Орбан“, објави „Јутарњи лист“.

Слични содржини