Како мажите ги привлекуваат жените и што е “копирање на изборот”

од desk3
138 прегледи

Женската придружба ја зголемува атрактивноста на мажот, бидејќи покажува дека тој е соодветен за флерт, утврдија американските психолози, цитирани од “Дејли мејл”.

Овој ефект на имитирање е карактеристичен и за животните.

download (6)

Тој е толку силен што во САД се случува итреци да ангажираат жени кои ќе им помогнат да ја зголемат популарноста во барови и дискотеки.

“Жените го доживуваат мажот како повеќе посакуван кога гледаат дека го сакаат други жени.

Тие го користат женското присуство околу него како сигнал за квалитетите “, вели психологот Сара Хил.

Сличен ефект нема, ако до мажот се негови сестри, братучетки или поранешни патнерки. Тој, сепак, се засилува, ако мажот изгледа енергично со дамата до него.

Овој феномен во животинскиот свет се дефинира како копирање на изборот.

Се смета дека тоа ги намалува напорите за пребарување на партнер, така што заштедува време и енергија и ги ограничува ризиците поврзани со донесување на лоши одлуки.

Научниците дошле до овие заклучоци по експерименти со студентите при што им покажувале слики на мажи со или без долна околина.